Маркетинг и Веб 3.0
27 јан 2012 Напиши коментар
in Маркетинг Ознаки: интернет, семантичка
Разговарајќи со повозрасните како било порано, како дознавале за новите производи што излегуваат на пазарот, тие рекоа дека тоа го дознавале преку меѓусебна комуникација со пријатели и роднини, понекогаш весник и нели ретко преку ТВ и радио приемниците. Но најчесто било преку пофалбите што ги слушале од задоволните потрошувачи. Добро тогаш и немало некој голем избор на производи, варијации од еден производ како тоа што ние денес го имаме, па може и немало толку потреба од реклама. Денес навистина ни е многу лесно да ги доближиме производите до одредена група на потрошувачи што сакаме. Има многу начини за тоа, а еден од најлесните е секако преку користење на интернет услугите сега тоа што се нарекува Веб 3.0 семантичка џунгла
Навистина на почеток интернетот служел само за да се добијат некои информации без учество и интеракција на луѓето, потоа се развил преку социјалните мрежи кои овозможуваат брза комуникација и размена на информациите од секаков вид. Токму тие социјални мрежи се позитивниот бум што го почувствуваа бизнисите, тие социјални мрежи како Facebook ( иако ми е многу смешно самото име, сепак е доста корисно), Youtube, Skype и сл. овозможија економијата да се развива без да има некои посебни големи трошоци. Тие се лесно употребливи алатки кои скоро секој може да ги користи. Веб 3.0 е уште повисок степен на развој на интернетот на тој начин што се создава мост проводник помеѓу реалниот и виртуелниот свет, уште повеќе ги олеснува интеракциите помеѓу луѓето т.е. човек-човек и човек-машина. Поточно едноставна поврзаност помеѓу телевизија, мобилни телефони со компјутерите. Еден пример ќе земам за QR кодовите кои овозможуваат тоа што се гледа во реалниот свет да се преведе во виртуелниот, тоа е слика која кога ја гледаш всушност не добиваш никаква инфомација се додека не ја декодираш преку телефон со соодветен софтвер за читање на такви кодови. Еве повеќе инфо за значењето на QR к. http://marketing365.blog.mk/2011/10/05/qr-%D0%BA%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B5%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B3-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0/ Еве уште едно видео кое може да ви помогне да го сфатите значењето на Веб 3.0 и да сфатите како е тоа значајно за маркетингот во голема мера!